од 4 до 5 години

Говорење и јазик

Разбирање

Ризични знаци

Гласот е јасен, силата на гласот, флуентноста и интонацијата на говорот се соодветни.

Приказните ги слуша до крај и ја разбира содржината.

Неправилно изговара, испушта различни гласови.

Говорот е разбирлив.

Исполнува 4 до 5 степенски инструкции: Допри го носот, сега допри ги ушите, покажи го столчето, појди до него и седни на столчето.

Има скромен фонд на зборови и користи значително помалку зборови од неговите врсници.

Изговара реченици од 4 до 6 зборови па и повеќе.

Извршува инструкции кои се составени од потешки зборови: “Земи ја тенката црвена лента и стави ја во џебот на зимска јакна закачена на ѕидот”.

Речениците се кратки и скромни со зборови (малку заменки, предлози, сврзници, придавки …).

Структурата на реченицата и граматиката се точни.

Соодветно изговара повеќе гласови и зборови.

Речениците се граматички неточни.

Ги користи сите видови на зборови.

По нас повторува кратки измислени зборови.

Посложените зборови не може да ги изговори.

Не изненадува со одредени зборови или фрази: “Јас би сакал да се приклучам во играта.”

Разбира што зборуваме дома или во градинка.

Во разговорот на врсниците или возрасните, ретко или воопшто не се вклучува.

Раскажува долги приказни по сеќавање.

Го покажува кругот и триаголникот.

 

Ги пренесува нашите упатства на друго лице.

 

 

Прашува многу за значењето на непознатите зборови.

 

 

Одговара на прашања со прашалници, што, како, зошто …

 

 

Се вклучува во разговор со врсници или возрасни подолго време.

 

 

Брои до 10 и повеќе.