од 7 до 12 месеци

Говорење и јазик

Разбирање

Ризични знаци

Повторува гласови и мелодии према говорот на возрасните.

Ја врти главата во насоката на звукот

Не реагира на силен говор, звук или бучава.

Произведува звукови кои ги врзува во слогови или си игра со комбинирање на слоговите во различни варијанти ( та та, ма ма, да да …)

Подобро детектира далечни звуци.

По 6 месеци, детето не ги имитира говорните гласови на возрасните.

Детето ги користи првите гестови (мавта со рачињата, ја испружува раката кон она што го сака или крева рацете кога сака да го земат во раце).

Детето е во состојба да разликува говор од звучни стимули.

Гласовите се монотони (не постојат разлики во должината и висината на гласот).

Со помош на звуци, повици и извици ние го добиваме и задржуваме неговото внимание.

Детето слуша кога му се зборува, го задржува вниманието до една минута.

Не гуга

Користи збор или два што не ги користи правилно.

Прекинува активност ако го повикаме по име.

Одеднаш престанува да гуга.

Имитира животни.

Препознава некои општи зборови за објекти, луѓе, активности.

Не реагира на вербални барања или едноставни прашања.

Детето разговара со луѓето, животните и играчките, користејќи подолги говорни обрасци кои сеуште не содржат вистински зборови.

Ужива да си игра со прстите.

Детето изразува смеа само со мимика, гласот е отсутен.

Ја менува јачината на звукот, времетраењето и висината на огласувањето.

Детето реагира на едноставни прашања: “Сакаш да пиеш? Сакаш уште? “

 

 

Детето реагира на едноставни инструкции: “Дај ја играчката. Пушти го тоа.

 

 

Разбира што значи – НЕ!