Над 7 години

Лингвистичките нарушувања кај децата на возраст после седмата година се појавуваат во многу комбинации и често се навестени и детектирани многу порано. Нарушувањата се најизразени во училиштето затоа што се манифестираат како во говорот така и во пишувањето кај детето.

Деца со говорни и јазични нарушувања често се послаби во учењето од врсниците, а од друга страна возрасните често погрешно ги класифицираат како мрзливи па дури и помалку интелигентни. Нивното размислување често е во слики а потоа ги преведуваат во зборови, што директно ја попречува и забавува работата во училиштето.

Во табелата се прикажани некои типични однесувања и ризични знаци на деца со говорно-јазични нарушувања.

 

Доколку кај своето дете забележите некоја од наведените карактеристики, препорачуваме посета на логопед.

Типични однесувања:

Ризични знаци:

·       учење на памет,

·       повлекување и молчење кога треба да говорат,

·       препишување од соучениците,

·       нарушувања во однесувањето,

·       избегнување на оценување,

·       менување на тема на разговор,

·       неефикасно учење,

·       знаци на стрес за време на говор или читање,

·       одбивање на читање.

·       лошо реагираат на едукативениот материјал кој се обработува и се задава во писмена или усна форма,

·       слабо ги разбираат сложените и генерално подолгите реченици,

·       не се сеќаваат на слушнати секвенци (гласови, ритми, песни, извадоци …),

·       имаат потешкотии во разбирањето на  посложени инструкции,

·       тешко остануваат концентрирани кон говорник или текст,
послабиот вокабулар директно ги спречува да можат да следат одредени теми или инструкции,

·       тешко се сеќаваат на некој збор што треба да го искористат кога нешто објаснуваат,

·       формираат едноставни реченици, ” голтаат ” букви или престануваат да говорат кога треба да кажат некоја посложена реченица,

·       имаат проблеми со помнење и користење на правилата во правописот,

·       имаат потешкотии при раздвојувањето во говорот на буквите и гласовите,

·       имаат потешкотии при составувањето на гласови или букви во зборови,

·       ги заменуваат сличните гласови ( П/Б , В/Ф, С/Ш, М/Н … ),
читаат побавно од врсниците,

·       тие се многу вознемирени при читањето, особено ако треба да читаат повеќе од една минута,

·       го читаат зборот неколку пати погрешно,

·       слабо ги разбираат и користат апстрактните поими и концепти,

·       имаат проблеми со текстуални задачи во математиката,

·       имаат премногу брз или премногу бавен говор.