Детско цртање

Како децата учат да цртаат?


Можеби никогаш нема да научиме како се користи длето и да правиме прекрасни работи од дрво, но има предмети за кои секој мора да научи како се користат. Пред се тоа се приборот за јадење и приборот за пишување. И тука постојат разлики, учењето за употреба на лажица бара кратка вежба, додека употребата на приборот за пишување трае многу подолго и бара вежбање.
Децата почнуваат да цртаат на хартија веднаш штом ќе научат да држат боичка/молив, но ликовите не се препознаваат до третата година. На оваа рана возраст цртежот е одлична вежба за кружни движења на рака, а од друга страна ја отвора свеста на детето дека тоа може да создаде нешто.
Кога детето прво го зема молив во свои раце, неговите цртежи се состојат од криви линии и точки. Првата очигледна промена во цртежот на мало дете е тенденцијата да се подигне моливот од хартија. Во оваа фаза, ова навистина не влијае врз сликата, бидејќи детето се уште не црта нешто конкретно. Ако го прашаме што црта, детето ќе погледне во цртежот и ќе ви каже што било произволно но исто така, на повторено прашање, може да добиете различен одговор.
Блиску до третиот роденден, детето веќе има тенденција да нацрта некои работи, иако тие во неговиот цртеж се многу искривени.
Со три и пол години, детето веќе може да нацрта големи и мали кругови, правоаголни форми, линии и точки. Со комбинирање на нив, се добива форма која може да потсетува на нешто. И само тогаш, кога детето станува свесно дека овие комбинации личат на некој објект или лик, започнува свесно така да ги црта.
Со четири години цртежите на вашето дете ќе станат многу препознатливи. На човечката фигура сè уште може да им недостасуваат детали како што се вратот, стапалото, но основните елементи се присутни и главно на свое место.


Детето го црта она што го интересира. Ако девојчето има нов фустан, тоа ќе биде истакнато на цртежот. Децата, исто така, цртаат не само она што го гледаат, туку она што тие сметаат дека треба да биде таму.
Цртежите на момчиња претставуваат повеќе акција отколку цртежите на девојчињата, кои во нивните цртежи имаат потреба ликовите да ги постават централно, и да ја пополнат позадината.


Помеѓу пет и седум години цртежите стануваат повеќе живописни и често имаат повеќе од еден мотив. На пример куќата се наоѓа во градината, авионите летаат на небото, автомобилите се на улица. Сепак, цртежите се уште се симболи на она што детето го гледа, а не вистинска слика.


ПРИБОР ЗА ЦРТАЊЕ


Од голема важност е да изберете соодветен прибор за детските графомоторни активности. Проборот за цртање во голема мера може да ја олесни работата на децата, но исто така, ако приборот за цртање не е соодветен, може да ја отежни.
На малите деца им е доволна една или две боички ( барем на почетокот ) а потоа може да се додаваат повеќе. Најдобро е тоа да бидат дрвени боички, и тоа подебели, бидејќи тие се подобро прилагодени, имајќи ја предвид уште недоволно подготвена детската рака и прсти. Современите боички се тространо дизајнирани и така на децата од мали нозе им овозможуваат зафат со три прсти. Поради брзото заморување на детската рака која не навикнала на тие движења, правилното држење на миливот овозможува помалку трошење на енергија при цртање, а со тоа и подолга активност.
За деца од предучилишна возраст и рана училишна возраст, кои долго време користат прибор за цртање, фината моторика на дланката е многу подобра, движењата се попрецизни и потрајни.
Идеите за цртање се многу понапредни, извлекувајќи повеќе имагинации, што исто така вклучува и софистициран избор на прибор за цртање. Но и во овој случај, многу е важно да се има предвид дека овој прибор треба да биде соодветен. Ова подразбира анатомски облик на боицата-моливот, мината или бојата да бидат меки и да оставаат доволно силен траг.