ЛОГОМОТОРИКА

ЛОГОМОТОРИКА

Како да ги подобрите моторните вештини на ГОВОРОТ?


Факт е дека има се повеќе и повеќе деца со отстапување во изговорот на гласовите. Постојат многу причини кои доведуваат до тоа. Овде ќе зборувате за тоа како вие, како родител, може да помогнете да се подобри функцијата на говорните органи.
Целта на овие активности е да се зголеми и подобри точноста на говорните органи како што се: долната вилица, усните, јазикот. Ефективноста на овие вежби ќе биде подобра ако се прават почесто (на пример, секој ден по два пати). Се подразбира дека честотата на вежбање зависи од способноста на детето. Начинот на вежбите е од клучно значење – вежбите мора да бидат во форма на игра, бидејќи единствено така може да се задржи вниманието и истрајноста на детето. Вежбите правете ги заедно со детето, на начин на кој вие ќе започнете да му го прикажувате движењето кое сакате да го направи и вашето дете.

ДОЛНА ВИЛИЦА
–  Имитирајте го грицкањето и гризењето: “Како лавот, зајакот, кучето, нилскиот коњ го прават тоа?”
–  Поместувајте ја долната вилица десно-лево, напред и назад: “Како брадата се движи?”
УСНИ
–  собирајте усни – како за гласот “О” или “У”
–  додека се смееме – развлечете ги усните во насмевка
–  кога се лутиме – исправете ги усните напред
–  кога даваме бакнеж
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРИТИСОКОТ ВО УСНИТЕ
–  додека пиеме со сламка
–  како да дува ветер
–  да дуваме балони од сапуница
–  да свириме труба
ЈАЗИК
–  изпружете го јазикот и направете движења како кога лижете сладолед
–  го поместувате јазикот од еден агол до друг (“како со јазикот кажуваме НЕ?”)
–  ставете мали парчиња храна на чинија и “собирајте ги” со јазик
–  поместете го јазикот нагоре (“допрете го носот”) и надолу (“допрете ја брадата”)
–  Коњско движење (“како се слуша кога коњот трча?”)
–  лижење на усните