Читајте со Вашето дете

Читајте со вашето дете

 

Како да читате книга за мало дете?


– Покажете задоволство и ентузијазам за читање. Никогаш не обрнувајте внимание на друга работа додека читате
– Обидете се да му читате на детето секој ден
– Пронајдете време кога вие и вашето дете сте релаксирани и заинтересирани за читање, на пример, кога е време за спиење или после попладневен одмор
– Дозволете му на вашето дете да избере книга или страница за читање
– Покажете му ја сликата и зборувај за неа, наместо само да го прочитате текстот
– Помогнете му на детето да ја држи книгата и да ги врти страниците
– Кажете приказна за вашето семејство, но изоставете зборови или делови од реченици што вашето дете може да ги пополни
– Дозволете му на вашето дете да ја опише сликата и да ви ја каже приказната, онака како што ја доживува
– Напишете му домашна приказна на вашето дете и прочитајте му ја
– Поддржете го вашето дете само да направи приказна, или да доврши некоја која вие сте ја започнале
– Ако вашето дете повремено не покажува интерес за читање, продолжете со читање на детето додека тоа мирно си игра. Постои можност повторно да се заинтересира за читање